ЛШ: Сити со петарда го „збриша“ Бриж, Спортинг триумфално од Истанбул

Манчестер Сити со 1:5 го совлада тимот на Бриж во третото коло од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ беа убедливи, немаа поголеми проблеми да го „скршат“ противникот, а потоа и да го наполнат.

Уште на полувремето Сити имаше предност од 0:2 со головите на Кансело и на Махрез од пенал. Потоа Вокер зголеми на 0:3, а Палмер на 0:4. Ванакен намали во 81. минута, а потоа Махрез ги постави конечните 1:5.

Во вториот натпревар, Бешикташ го претрпе и третиот пораз во третиот меч во ЛШ. Спортинг Лисабон дојде во Истанбул како шанса за „црно-белите“ да дојдат до бодови, но Португалците си заминаа со убедлив триумф. Уште на полувремето имаа 1:3, а до крајот со уште еден гол ја зачинија оваа победа.

Коатес постигна два гола и по еден Сарабија и Паулињо, додека за Бешикташ погоди Ларин.

Се вчитува...