ЛШ СОСТАВИ: Борусија Д. ќе напаѓа со Халер и без Ројс, Челси со Феликс, Хаверц и Мудрик

Во исчекување на вторите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите, најинтересно вечерва барем кога станува збор за мечевите во европската „елита“ ќе биде во Дортмунд, каде што Борусија го пречекува Челси. Дуел на два тима во различна форма. Додека „милионерите“ се со пет победи по ред, Челси не може да се пофали со добри резултати во последно време.

Поради недостаток на десен бек, тренерот на Борусија Дормунд Един Терзиќ мораше да игра со Волф, кој е класично крило. Формацијата е 4-1-4-1, а во трансформација би требало да биде 3-4-3. Халер ќе биде во нападот, напаѓачот кој нема да може да одигра цел меч, и се очекува да биде сменет. Интересна е одлуката на Терзиќ да го остави Ројс на клупата.

Од друга страна Челси ќе излезе со својот најдобар состав. Со новите засилувања Фернандез, Феликс и Мудрик ќе ги нападнат „милионерите“. Изненадување е можеби Лофтус-Чик во првите 11 на Потер.

Во вториот меч меѓу Бриж и Бенфика, двата тима излегуваат со најсилните состави. Интересно ќе биде да се види како ќе функционира Бенфика без Енцо Фернандез, но тука е Рамош кој „блесна“ на Мундијалот во Катар.

Се вчитува...