ЛШ состави: Македонецот Ракип остана на клупата на Малме

Познати се составите за вечерашните натпревари во Лигата на шампионите, а за македонската јавност во центарот на вниманието е натпреварот во Малме, каде што шведскиот првак го дочекува тимот на Зенит со оглед дека во домашниот тим игра репрезентативецот Ердал Ракип.

Малме нема ниту еден освоен бод, а сега е шансата со оглед дека овие два тима ќе се борат за третото место и пласман во Лигата на Европа.

Шведскиот тим стартува без Ракип во составот вечерва. Вториот Македонец Бобан Николов игра утре за Шериф против Реал Мадрид.

Се вчитува...