ЛШ состави: Валверде во нападот на „кралевите“, Тухел ќе атакува со Хаверц, Вернер и Маунт

Познати се составите за двата вечерашни четвртфинални натпревари, после кои ќе се знаат првите два полуфиналисти во Лигата на шампионите.

Дербито меѓу Реал Мадрид и Челси, во кое „кралевите“ влегуваат со „капитал“ од 3-1 по првиот меч, ќе го одбележат изненадувања во составот на Анчелоти. Така според формацијата, во нападот на Реал, односно на деснокрилната позиција ќе се најде Валверде, кој важи за играч за врска. Реал ќе настапи без пожолтениот Милитао, на негово место ќе биде Начо.

Кај Челси, пак, Тухел се реши да стартува со Хаверц, Маунт и Вернер во нападот. Исто така во англискиот тим ќе го нема Жоргињо, кој почнува од клупата, како и Пулишиќ. Исто така и Азпиликуета ќе чека шанса од клупата.

Кај дуелот Баерн – Вилјареал, можеби изненадување е изоставување на Гнабри од првиот тим на „Баварците“, кој остана на клупата. Од првиот меч ќе го нема Никлас Зиле кој е надвор од составот. Во нападот покрај Левандовски, стартуваат и Мусиала и Милер.

Кај Вилјареал без поголеми замени. Морено, Данјума и Ло Целсо почнуваат во нападот, а според формацијата, Унаи Емери нема намера да се брани во Минхен.

Се вчитува...