ЛШ СОСТАВИ: Жезус во нападот на Сити, Реал напаѓа со Родриго, Бензема и Винициус

Манчестер Сити и Реал Мадрид од 21 часот ќе ги одмерат силите во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Познати се составите на двата тима за вечерашната пресметка на „Етихад“.

Изненадувачки е тоа што Пеп Гвардиола тргнува со класичен напаѓач во името на Габриел Жезус, заедно со Фоден и Марез. Можеби изненадување и е играњато на Зинченко на левата бековска позиција.

Реал Мадрид, пак, тргнува со Бензема и Винициус, а можеби изненадување е Родриго во првите 11. Меѓутоа со оглед на последните добри партии, Анчелоти се реши да му даде шанса вечерва на гостувањето во Манчестер.

Се вчитува...