ЛШ во знакот на Кристијано Роналдо, „убиецот“ на Атлетико

Кристијано Роналдо вечерва се враќа повторно во славниот Мадрид, откако ждребката одлучи Манчестер јунајтед да му гостува на Атлетико во рамки на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони.

Тимот на Диего Симеоне е еден од најголемите „жртви“ на Португалецот, кој секогаш е расположен да погодува против овој тим. Во минатото во дресот на Реал Мадрид, а потоа и на Јувентус, редовно ја тресеше мрежата на Атлетико.

На вкупно 35 натпревари против „јорганџиите“, Роналдо има постигнато 25 голови и 9 асистенции, а има победено на 17 натпревари. Навивачите на Манчестер јунајтед ќе се надеваат дека оваа форма на Португалецот ќе продолжи и вечерва на „Ванда Метрополитано“.

Натпреварот меѓу Атлетико и Јунајтед е закажан за вечерва со почеток од 21.00 часот.

Се вчитува...