Легендата на женскиот ракомет Нора Мерк воопшто не размислува за пензионирање, откако денеска и официјално потпиша нов договор со екипата на Есбјерг.
Мерк е член на данскиот тим од 2022 година, а откако успеа да се врати на терените по тешките повреди на коленото, Норвежанката неодамна имаше камбек по раѓањето на своето прво дете, а со потписот на новиот договор до 2028 година јасно стави до знаење дека се уште планира да доминира на ракометните терени ширум Европа.
„Од првиот ден се чувствувам среќна што играм за Есбјерг, амбициозен тим кој е дел од Лигата на Шампионите. Имав и други понуди, но не гледав причина зошто би си заминала, зошто повторно би се селела со семејството. Презадоволна сум што уште неколку години ќе бидам дел од оваа успешна приказна“, изјави Мерк по потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

