Динамо Киев и Јувентус ќе се сретнат во првиот меч од новата сезона во Лигата на Шампионите, а домашниот стратег Мирчеа Луческу не го крие задоволството што противникот ќе го нема својот главен адут, Кристијано Роналдо. Португалецот се уште е во аут откако беше позитивен на коронавирус и остана во самоизолација во Торино, со што значително ќе се олесни задачата на дефанзивците на Атлетико Мадрид.
„Сите добро знаеме каков играч е Кристијано Роналдо, како со еден потег знае да направи разлика. Дефинитивно, ќе ни биде полесно што Јуве ќе го нема Роналдо во тимот“, истакна Луческу.
Романецот имаше совет и за Андреа Пирло, кому своевремено му беше тренер во Интер, a сега ќе се обиде да му ја загорчи судбината по слабите резултати на младиот стратег на стартот од авантурата во Јувентус.
„Мило ми е за Пирло, кој е мој ученик. Му честитав кога стана тренер на Јуве, но исто така и му порачав дека може да се најде во крајно компликувани ситуации. Клучно е во тие моменти да остане паметен. Денешниот меч не е дуел меѓу мене и Пирло, ние нема да играме на теренот“, изјави стратегот на Динамо Киев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА