Луд експеримент: Аргентина ќе игра со формација 2-3-5

Во последно време модерниот фудбал минува низ различни варијации кога станува збор за формациите на екипите и репрезентациите, но она што го подготвува новиот аргентински селектор Хоре Сампаоли е нешто досега невидено.

Имено, Сампаоли денеска потврди дека Аргентина на утрешниот натпревар против Сингапур ќе настапи со формација 2-3-5. Навистина, станува збор за пријателски меч против далеку послаб противник, па јасно е зошто Сампаоли токму утре ќе го проба овој свој експеримент, да види како ќе функционира дефанзивна линија со само двајца играчи пред голманот Гузман.

argentina sostav

Кормиларот на „гаучосите“ најави дека во одбраната ќе се појават Фацио и Мамана, во средниот ред ќе настапат Билја, Салвио и Акуња, додека нападот ќе биде предводен од Кореа, кој ќе биде потпомогнат од Ди Марија, Дибала, Ланзини и од Гомез.

Играњето добра дефанзива зависи само од пресингот и од брзото враќање на поседот врз топката. Не се сложувам дека во дефанзива ќе играме со двајца, бидејќи десет наши фудбалери во секое време ќе играат одбрана за да му ја одземат топката на противникот“ – порача Сампаоли.

Противникот е далеку од нивото на „гаучосите“ и победата сигурно нема да биде доведена во прашање, но сепак интересно ќе биде да се види оваа фудбалска формација.

Се вчитува...