Милан имаше предност во дуелот со Лече на гостински терен со 0-2, и кога се чинеше дека ќе ги освои бодовите, се случи Лече да успее да израмни, и во финишот да тргне по победата. Домашниот тим постигна и гол длабоко во судиското надополнување, меѓутоа по пргледувањето на ВАР снимката, беше поништен поради прекршок, па така заврши 2-2.
Жиру во 28. минута го донесе Милан во предност. Не се чекаше многу за вториот гол на „росонерите“. Реијндерс во 35. минута донесе сигурна предност за гостите.
Во 66. минута Сансоне намали на 1-2, а потоа Банда во 70. минута го врати Лече во мечот. Домаќините имаа многу шанси, една од нив искористија во 97. минута, но потоа следуваше и шок за домашните фанови откако судијата одлучи да го поништи голот.
Милан остана со играч помалку откако беше исклучен Жиру поради втор жолт картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА