„Луд натпревар“: Барди и Леванте до реми со Еибар во меч со осум гола… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Леванте ремизираа 4-4 на гостувањето против Еибар во 15. коло од шпанската Ла Лига.

Во „луд натпревар“ со бројни пресврт на крајот Леванте извлекуваше бод буквално во последните секунди откако имаше и негатива од 4-2. Мајорал со гол во 91. минута за конечни 4-4 донесе бод за Леванте…

Претходно, во првиот дел Барди имаше супер асистенција за 1-1…

Леванте на полувремето имаше предност и од 1-2, но потоа домашните со три гола во период од само осум минути од 57. до 65. минута дојдоа до водство од 4-2.

На крајот, на 4-3 намали Тоно во 75. минута а конечните 4-4 беа на Мајорал.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...