Луд Словак: Се дереше на судијката, кршеше рекети, фрлаше по публика… (ВИДЕО)

Талентираниот Русин Данил Медведев го победи Словакот Мартин Клижан во четвртфиналето на АТП турнирот во Софија. Но, шоуто од мечот го запиша словачкиот тенисер кој очигледно имаше ‘жолти минути’.

Во вториот сет при еден добиен поен за Медведев, Клижан потполно полуде затоа што сметаше дека топчето пред ударот на противникот двапати паднало во неговото поле. Па Словакот се упати кон судијката, се дереше на цел глас, а удираше и по рекламите покрај теренот.

Никој не можеше да го смири, па потоа целиот свој бесе го истури на рекетот кој го преполови. За своето ‘дивеење’ Клижан беше награден со силни свирежи во софиската арена поради што се дрзна и луто да фрла дел од својата опрема кон публиката. Словакот и онака е познат како темпераментна личност, но никогаш претходно вака не „пукнал“…

А, мора да се признае, и на снимката навистина изгледа дека топчето двапати паѓа во полето на противникот.

Дивеењето на Мартин Клижан може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...