Луд старт на легендарната „Монца“ – Нов „мега-дуел“ меѓу Ферстапен и Хамилтон (ВИДЕО)

Неверојатен старт ни донесе трката за големата награда на Италија која се вози на легендарната патека Монца. Главните ривали за генералниот пласман Луис Хамилтон и Макс Ферстапен повторно имаа дуел за кој многу ќе се зборува, откако претходно на стартот Даниел Рикардо на неверојатен начин го помина водечкиот Холанѓанец и изби на првата позиција.

Имено, тие двајца повторно имаа контакт по кој Хамилтон овојпат го извлече подебелиот крај и загуби плус уште една позиција.

 

 

Се вчитува...