Луда гледаност: Скај Германија урива рекорди со продолжението на Бундес-лигата

Продолжението на Бундес-лигата после двомесечна пауза поради пандемијата на коронавирусот привлече повеќе од 9 милиони телевизиски гледачи во Германија. Телевизиската куќа Скај Германија, која ги пренесува натпреварите, го урна сопствениот рекорд за гледаност на германското првенство.

Саботните мечеви од 26.коло во Бундес-лигата на Скај Германија ги следеа 3,68 милиони гледачи на каналите што се плаќаат, што е двојно повеќе од вообичаената бројка за фудбалска сабота. Треба да се додадат уште 2,45 милиони гледачи кои натпреварите ги следеа на бесплатниот телевизиски канал Спорт Њуз кој е достапен за сите. Дополнително, уште околу 3 милиони гледачи беа присутни зад ТВ екрамите и на вчерашните мечеви.

Натпреварувањето во Бундес-лигата продолжи по пауза од повеќе од 60 дена поради пандемијата на Covid-10, пред празни трибини и со строги здравствени мерки.

 

Се вчитува...