Луда вечер на Лилард, шампионот лесно со Минесота (ВИДЕО)

Демијен Лилард одигра неверојатна партија во победата на Портланд Треилблејзерс над Њу Орлеанс Пеликасн од 125-124. Лилард на натпреварот постигна 50 поени од кои дури 20 беа во последната четвртина, а додаде и 10 асистенции и шест скока. Кај поразените Брендом Инграм заврши со 30 поени.

Шампионот Лос Анџелес Лејкерс стигна до лесен триумф над Минесота Тимбервулвс од 137-121. Леброн Џејмс и Монтрезл Херел со по 25 поени беа најефикасни кај „езерџиите“, додека кај Минесота по 29 уфрлија Карл Ентони Таунс и Ентони Едвардс.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Бостон – Јута 109-117, Мајами – Кливленд 113-98, Филаделфија – Њујорк 99-96, Чикаго – Оклахома 123-102 и Хјустон – Атланта 107-119.

Се вчитува...