Олимпик Марсеј стигна до нова победа, откако во трилер завршница го совлада Брест со 2-1 во воведниот натпревар од 15. коло. од француската Лига 1.
Домаќините го диктираа темпото во првото полувреме, но не успеаја да ја материјализараат одличната игра. Сепак, до водство стигнаа на стартот на второто полувреме откако Сар стрелаше во 56. минута. Марсеј беше подобар противник и во продолжението, но „ладен туш“ ги испрска навивачите на Олимпик, во 88. минута кога Кардона израмни на 1-1. Славјето на гостите траеше само една минута, бидејќи веднаш по изведувањето од центарот Радоњиќ постигна неверојатен погодок со кој повторно го донесе домашниот тим до предност од 2-1, гол кој ќе се покаже и како клучен за триумф.
Со победата Марсеј ја намали предноста на табелата пред првопласираниот ПСЖ, која сега изнесува пет бода. Брест останува 14. со 18 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА