Луда завршница во СЦ „Јане Сандански“ – Феникс два пати погодуваше со звукот на сирената (ВИДЕО)

Првиот натпревар од 4. коло во Првата кошаркарска лига донсе и драматичен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ каде Феникс 2010 стига на втората победа во сезоната, совладувајќи го Ангели со 83-80 по продолжание. Дуелот на новајлиите не ја одбележа расположеноста во нападот, напротив беа упатени вкупно 166 обиди кон противничкиот кош, а реализирани само 54, но три од 91. обид на домаќинот беа постигнати во вистински момент.

Избраниците на Денис Дервишевиќ имаа негатива од 68-73 на 14. секунди пред крајот со тоа што оваа предност на Ангели можеше да биде и повисока, но лошата реализација на клучните слободни фралања на гостите на крајот се постави и како кобна по тимот на Горан Георгиевски. Феникс не се предаде, напротив преку Андреј Митевски успеа да ја намали негативата на еден напад (71-73), а откако Мандерсон беше половичен во слободните фралања, Ахмад Кларк со звукот на сирената зад линијата 6,75 донесе дополнителни пет минути.

Во нив се играше „кош за кош“, а Феникс 2010 повторно стрелаше со звукот на сирената. Овој пат херојот на „виолетово-жолтите“ беше 18-годишниот Митревски кој го постави и конечниот резултат на мечот за големо славје и победа од големо значење.

Се вчитува...