Лионел Меси ќе биде убедливо најплатениот фудбалер во историјата на француското првенство, потврдено е вечерва откако беа обелоденети деталите од договорот што Аргентинецот го потпиша со ПСЖ.
Легендата на Барселона потпиша на две години со францускио гигант, за нето плата од фантастични 41 милион евра по сезона. Во оваа сума не влегуваат бонусите за број на постигнати голови и освоени трофеи, па многу лесно може да се случи Меси за овие две години во Париз да заработи над 100 милиони евра.
Покрај ова, 34-годишниотт Аргентинец за самиот потпис со ПСЖ добил бонус од 40 милиони евра, а неговиот татко добил „дебела“ провизија за експресното завршување на преговорите.
Еден е Лео Меси, но еден е и Ел Келаифи, кога санува збор за задоволување на сите желби на фудбалерите, само да ги убеди да дојдат на „Паркот на принцовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА