Луди бројки: ПСЖ ќе плати 630 милиони евра за новиот договор на Мбапе

Килијан Мбапе упорно инсистира дека љубовта кон Франција и ПСЖ била главен фактор за потпишаниот нов договор со „светците“ во текот на летово. Сепак, очигледно дека и парите имаат сериозна врска во овој „дил“ откако „Паризиен“ ги откри финансиските детали од потпишаниот договор меѓу ПСЖ и Мбапе, според кој францускиот првак ќе потроши 630 милиони евра само за овој потпис.

Имено, Мбапе има бруто плата од 72 милиони евра по сезона, или шест милиони евра годишно. Тоа значи месечна бруто плата од шест милиони евра, но мора да се истакне дека поради големите даноци, само 2,7 милиони евра месечно ќе завршат на сметката на Мбапе. Затоа пак, акцент е ставен на бонусите, па Килијан ќе добие 180 милиони евра само за фактот дека го избра ПСЖ пред Реал, и тоа на три годишни рати од по 60 милиони евра.

Меѓу другото, на францускиот репрезентативец му е ветен и неверојатен бонус за лојалност, па веќе заработи 50 милиони евра од оваа клаузула, следното лето доколку остане ќе добие уште 60 милиони евра, а доколку ја активира и третата година од договорот со ПСЖ, тоа ќе му донесе дополнителен бонус од 70 милиони евра.

Премногу луди бројки, па не е ни чудо што Мбапе сезонава се однесува како локален шериф во таборот на францускиот првак.

Се вчитува...