Луди Грци: Олимпијакос одби да го доигра дербито, газдата на ПАО им остави црвена танга на клупата

На лудориите на кошаркарските дерби-пресметки меѓу Панатинаикос и Олимпијакос им нема крај, но двата лути ривали се надминаа на денешниот дуел од полуфиналето од Купот на Грција, кој не го дочека својот крај. Кошаркарите на Олимпијакос во текот на првото полувреме имаа бројни замерки на судиските одлуки, поради што за време на паузата ги известија официјалните лица дека немаат намера да се вратат на теренот, при резултат 40-25 за ПАО.

И додека траеше убедувањето „црвено-белите“ да го доиграат натпреварот, на сцена стаи контроверзниот газдда на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, кој пријде на празната клупа на Олимпијакос и на неа остави црвени танга гаќи.

„Ова е хаос не сакаме да бидеме дел од ваква фарса, не прифаќаме вакво однесување. Луѓето кои се на чело на овој спорт би требале да преземат нешто“ – изјави генералниот менаџер на „црвено-белите“, Христос Ставропулос.

Се вчитува...