Лудило без граници: ПСЖ сака да го задржи Мбапе со плата од еден милион евра неделно!

Трансфер сагата поврзана со Килијан Мбапе од ден во ден добива нови димензии. Договорот на Французинот со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и сеуште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.

Не е тајна дека младиот фудбалер е фан на Реал Мадрид, клубот кој веќе неколку трансфер периоди се обидува да го доведе во своите редови, но богатите „светци“ имаат план за да го задржат еден од најдобрите фудбалери на денешницата на „Паркот на принцевите“.

Според англиските медиуми истиот се состои во вртоглава сума на пари, односно неделна плата од еден милиони евра за нов договор со кој би станал најплатениот играч во светот.

Килијан Мбапе ја потврди својата класа на натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид од осминафиналето во Лигата на Шампионите каде по одличен пробив донесе водство на „светците“ пред реванш дуелот во Шпанија.

Се вчитува...