Лудило: Халанд сам има повеќе голови по 50 меча во ЛШ од девет клубови со ваква бројка

Ерлинг Халанд синоќа го одигра јубилејниот 50. натпревар во Лигата на Шампионите, на кој големиот ас постигна два гола за Манчестер Сити против Монако во ремито од 2-2.

Норвежанецот игра неверојатно во ЛШ, па така по 50 одиграни средби во елитното натпреварување тој има просек поголем од еден гол по натпревар (52 гола на 50 меча).

За бројките да бидат уште поимпресивни, Халанд самиот има дадено повеќе голови од девет клубови кои во првите свои 50 меча во ЛШ постигнале помалку од 52 погодоци.

Тука е хрватскиот гигант Динамо Загреб, потоа Андерлехт, Лил, Бриж, Селтик, Бешикташ, ЦСКА Москва, Галатасарај и Панатинаикос… Халанд има повеќе голови од секој од овие клубови во првите 50 средби во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...