Лудило: Мбапе ќе добива бонус од по 60 милиони евра за секое лето во кое ќе остане во ПСЖ

Платите на прескапите „ѕвезди“ на Пари сен Жермен се уште се главна тема во француската спортска јавност, а весникот „Л’Екип“ откри интересен детал од новиот договор што Килијан Мбапе го потпиша со „светците“ минатото лето.

ПСЖ предолго преговараше со Мбапе, кој беше пред потпис со Реал Мадрид, за во последен момент да дојде до пресврт и тој да потпише нов двогодишен договор со „светците“. Мбапе со новиот договор зема плата од околу шест милиони евра месечно, но во него има и клаузула за лојалност – во висина од неверојатни 60 милиони евра.

Станува збор за сума што Мбапе ќе ја добива секое лето доколку одлучи да покаже лојалност кон ПСЖ и останува на „Паркот на принцовите“. По ова откритие, јасно е зошто голгетерот воопшто не размислува за трансфер на крајот од оваа сезона, а клаузулата би била вметната и во идниот договор што тој ќе почне да го преговара со францускиот првак во текот на летово.

Се вчитува...