Расел Вестбрук запиша историја во НБА лигата во повеќе од спектакуларен натпревар. Иако Оклахома загуби од Њу Орлеанс со 131-122, неверојатниот Вестбрук имаше „ноќ на лудило“.
За 39 минути на паркетот Вестбрук дојде до 11-от едноподруго „трипл-дабл“ во НБА лигата. Со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции го надмина легендарниот Вилт Чемберлен со кого досега го делеше рекордот со десет едноподруго „трипл-дабл“ ефекти.
Сето тоа, сепак, не беше доволно Оклахома да го победи Њу Орлеанс кој до триумфот беше воден од Џулиус Рендл со 33 поени и 11 скока, а поен помалку имаше Дру Холидеј.
Орландо на свој терен синоќа го демолираше Шарлот со 127-89. Теренс Рос со 21 поен и Никола Вучевиќ со 17 поени и 11 скока го водеа Орландо до победата.
Њујорк никс до синоќа беа најлошиот тим во лигата, но се победата над Атланта од 91-106 тоа место му го препуштија на Феникс. До победата ги водеше Денис Смит Џеј-Ар со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА