Лудило во Белград: Црвена Звезда води 2-0 против Ливерпул по половина час

Српскиот првак Црвена Звезда игра како во транс против Ливерпул и води со 2-0 на стадионот „Ратко Митиќ“ во Белград по само половина час, во дуелот од Лигата на шампионите. Фантастичната атмосфера што ја направија фановите, ги мотивираше максимално фудбалерите на Црвена Звезда кои постигнаа два гола.

Двоен стрелец за „црвено-белите“ е Милан Павков, во 22. и во 29.минута од мечот.

Истовремено, Клуб Бриж води со 0-3 на гости против Монако…

Се вчитува...