Лудило во Гелзенкирхен – Чурлинов асистент, Шалке се врати во елитатата (ВИДЕО)

Шалке 04 по една година помината во понизок ранг, следната сезона ќе се врати таму каде што му е местото, во Бундеслигата. Дарко Чурлинов и неговите соиграчи вечерва одиграа луд натпревар против Сент Паули на домашен терен кој го добија по пресврт со 3-2.

Гостите брзо поведоа со 0-2 со головите на Матановиќ во 9. и 17. минута. Сепак, следуваше вистинска ерупција на домаќините во вториот дел. Прво Тероде во 47. минута од пенал намали на 1-2, а во 71. истиот фудбалер израмни на 2-2 на асистенција на македонскиот репрезентативец. Голот промоција во повисок ранг беше дело на Залазар во 78. минута.

Дарко Чурлинов одигра уште еден одличен натпревар за тимот од Гелзенкирхен и беше заменет во 79. минута.

 

 

 

Се вчитува...