Лудило во Германија – Брауншвајг во меч со девет гола ја елиминираше Херта од Купот (ВИДЕО)

Ако денот по утрото се познава ќе гледаме неверојатно сезона во германскиот фудбал. Брауншвајг во првото коло во луд натпревар ја совлада берлинска Херта со 5-4 и ја елиминираше од националниот куп на Германија.

Домаќините поведоа со 2-0 со голот на Кобијански во 2. и автоголот на Мителстад во 17. минута. Брзо следуваше одговор на гостите кои преку Лукебакио и Куна во 22. и 29. минута израмнија на 2-2. До крајот на полувремето Кобилански зголеми на 3-2. Во вториот дел Херта преку Пекарик во 65. минута стигна до ново израмнување, но по само две минути Кобилански со својот трет гол донесе ново водство за Брауншвајг од 4-3.  Абдулахи во 73. минута донесе нова предност од два гола за домашниот тим, а конечните 5-4 ги постави Лукебакио во 83. минута.

Мајнц со пресврт против нисколигашот Хавелс успеа да стигне до второто коло во националниот куп. Домаќините изненадувачки поведоа во 17. минута преку плуме, а успеваа да се одолеат на нападите на фаворитот се до 57. минута кога Матета го изедначи резултато. Победникот беше решен во само две минути, откако гостите во 77. преку Салај и Матета во 79. гостите зголемија на 1-3, а до крајот пукна и „петарда“ откако стрелаа Квајзон во 86. и повторно Матета во 91. минута.

 

Се вчитува...