Лудило во Глазгов: Кејн ја спаси кожата на Англичаните

Шкотска и Англија одиграа фантастичен натпревар во квалификациите за СП 2018 што заврши без победник, 2-2. И двете селекции имаат за што да жалат, Англичаните за шансите во првото полувреме и пропуштеното водство, а Шкотите за фактот дека влегоа во 90. минута со предност, но не успеаја да стигнат до цел плен против големиот ривал.

Домашниот голман Крег Гордон беше во главна улога во првото полувреме, бранејќи неколку опасни удари на англиските репрезентативци. „Гордиот албион“ заслужено поведе преку Окслејд Чембрлен (кој влезе во игра на местото на Рашфорд), но кога се чинеше дека победата рутински ќе биде извојувана, Англија за неколку минути се најде на работ на амбисот. Домашниот напаѓач Грифитс беше шкотскиот херој, откако при два слободни удари, во 87. и во 90. минута го совлада Џо Харт и предизвика еуфорија на стадионот во Глазгов.

Шкотите почнаа да ја слават победата, но сметките им ги наруши Хери Кејн, кој биеше прецизно во судиското продолжение и ги одржа Англичаните без пораз во овие квалификации.

0-1 Alex Oxlade-Chamberlain Goal 10.06.2017 HD by dailyfootballkick

1-1 Leigh Griffiths Goal HD – Scotland vs… by footyscore

Leigh Griffiths Wining GOAL HD – Scotland 2-1… by soccerhub3651

Harry Kane Goal HD – Scotland 2-2 England – 10… by goalall

Словенија многу потешко од очекувањата ја совлада Малта, меч на кој избраниците на Среќко Катанец триумфираа со 2-0. Јосип Иличиќ со прекрасен погодок го отвори резултатот во судиското продолжение од првото полувреме, за потоа пред самиот финиш Новаковиќ да ги постави конечните 2-0.

Josip Ilicic Goal HD – Slovenia 1 – 0 Malta… by footyscore

Milivoje Novakovic GOAL HD – Slovenia 2-0 Malta… by eurofootballhd1

Данска рутински славеше над Казахстан со 1-2, нанесувајќи и го на оваа селекција првиот пораз на домашен терен во овој квалификациски циклус. Јоргенсен го отвори резултатот во 27. минута, а задачата на Данците дополнително беше олеснета пред крајот на полувремето, откако домашниот фудбалер Исламкан заработи црвен картон. Со играч повеќе на теренот, Данска постигна и втор гол, од пенал преку Ериксен, домаќините намалија со голот на Куат, но сите дилеми околу победникот ги разреши членот на Ајакс, Долберг, со погодокот за конечни 1-3.

Во последниот натпревар што беше на програмата од 18 часот, Северна Ирска славеше на гостувањето во Азербејџан со 0-1 со голот што во 92. минута го постигна Далас.

Се вчитува...