Лудило во Неапол: Наполи се врати од мртвите против Киево

Наполи во еден од најинтересните натпревари сезонава успеа да слави над Киево со 1-2, меч во кој домаќините се до 89. минута имаа негатива од 0-1, но најдоа начин да дојдат до цел плен и да останат во игра во трката за скудетото.

Избраниците на Сари имаа повеќе од поседот на топката, промашија неколку шанси, а на стартот од вториот дел имаа и пенал. Мертенс не успеа да го совлада голманот на гостите, па кога домаќините се отворија стигна и казната на спротивната страна – Мариуш Степински биеше прецизно од петнаесетина метри и во 75. минута го доведе Киево во водство.

Наполи тргна во тотална офанзива во самиот финиш, успевајќи да израмни со голот на Милик во 89. минута. Судијата покажа три минути продолжување, а во 93. минута блесна Диавара, кој по еден корнер од десната страна маестрално ја смести топката во аголот, за ерупција од воодушевување на „Сан Паоло“.

 

Резултати Италија:

Торино – Интер 1-1, Кротоне – Болоња 1-0, Верона – Калјари 1-0, Наполи – Киево 2-1.

Се вчитува...