Лудило во Неапол, „скудетото“ на дофат: 10.000 фанови на Наполи ќе патуваат во Фиренца

Пред десетина дена Јувентус имаше шест бода предност на врвот на табелата во Серија А и „наполитанците“ се чудеа како е можно така лесно да отпаднат од трката. Но, во последните две кола, Јувентус освои само бод, а Наполи шест, и тоа со победата во меѓусебниот дуел, па се отвори огромна шанса за освојување на „скудетото“.

Неапол чека титула повеќе од 30 години и сега градот е во фудбалска еуфорија. Повеќе од 10.000 фанови на Наполи в недела ќе се упатат кон Фиренца, на гостувањето кое може да биде и пресудно за освојување на шампионскиот трофеј. Јувентус в сабота ќе му гостува на Интер, кој се бори за пласман во Лигата на шампионите, а Наполи ден подоцна би можел да се искачи на врвот, доколку „старата дама“ киксне во Милано.

Фиорентина, според правилото за реципроцитет, треба на Наполи да му обезбеди 2.500 билети за неговите навивачи, во карванот на „наполитанците“ ќе брои најмалку 10.000 фанови. Повторно има фудбалско лудило во Италија…

Се вчитува...