Лудилото на Дончиќ продолжи и во тунелот (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (18), кој го доби прекарот „Новиот Дражен“ поради своите неверојатни кошаркарски способности, ја покажа и темната страна од својот карактер. Тој избувна на мечот против Валенсија, жестоко влета во Плајс, доби исклучување, а потоа продолжи да беснее во тунелот.

Реагираше и тренерот Пабло Ласо.

„Тој е млад и мора да научи како да се однесува. Некогаш судиските одлуки на сите нас ни паѓаат тешко, но не треба да се реагира на таков начин“, изјави Ласо.

Се вчитува...