Кошаркарските колективи во НЦАА-лигата нудат неверојатни суми за да привлечат нови играчи од европските тимови, но се чини дека лудилото е достигнато со случајот на српскиот суперталент Никола Кустурица.
Овој тинејџер е дел од Барселона, добиваше шанса и во првиот тим, блеска во младинска конкоуренција, а воедно е и една од најголемите ѕвезди на светското првенство за играчи до 17 години што се одржува во Истанбул.
Неколку универзитети будно ги следат настапите на српскиот суперталент, но УЦЛА е тимот што понуди убедливо најмногу, вкупно 12 милиони долари за двогодишен договор со Кустурица.
Барселона сака да го задржи „бисерот“, но јасно е дека не може да се носи со ваквите луди суми кои доаѓаат од другата страна на Атлантикот. Затоа, пресудна ќе биде желбата на Никола, кој ќе треба самиот да пресече дали да остане дел од европската кошарка и да се бори за позначајна улога во Барса, или да тргне по парите и да се пресели во НЦАА, па потоа преку оваа лига да се обиде да влезе и во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
