„Лудилото“ на Шелви му помогна на Тотенхем да победи со Њукасл

Тотенхем стигна до триумф од 0-2 на гостувањето против Њукасл во првиот натпревар сезонава во Премиер лигата, откако успеа да го скрши отпорот на домашните во второто полувреме.

Се чини клучен момент за триумфот на Тотенхем, беше „лудилото“ на домашниот фудбалер Шелви кој во 48. минута сосема непотребно поради неспортски потег заработи црвен картон.

Jonjo Shelvey RED CARD Newcastle Utd 0-0… by goloviliga

Со играч повеќе потоа на Тотенхем му беше полесно да стигне до посакуваниот погодок. Најпрво во 61. минута погоди Деле Али, а во 70. минута Дејвис ги постави конечните 0-2.

Tottenham vs Newcastle 2-0 All Goals Highlights… by try-akatsuki

Се вчитува...