„Лудилото“ почна: Реал ја испрати првата понуда за Мбапе, ПСЖ веднаш ја одби

ПСЖ доцна синоќа го промени својот став околу Килијан Мбапе правејќи го францускиот ас достапен за трансфер, а неполни 24 часа подоцна следеше и првата официјална понуда на Реал Мадрид за извонредниот голгетер.

Флорентино Перез не ја крие желбата да го доведе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, претседателот на Реал беше подготвен да чека до следното лето за да го ангажира како слободен играч, но сега кога тој е достапен за трансфер „кралевите“ веднаш тргнаа во офанзива.

Француките медиуми тврдат дека Реал не планира да губи време и да наддава, па веднаш понудил 160 милиони евра, сума што според Перез е сосема доволна за експресно да се постигне договор со „светците“ од Париз. Мбапе има само уште една година од актуелниот договор, па францускиот гигант се соочува со сериозна опасност да го загуби без никаква отштета.

Сепак, ПСЖ експресно ја одбил ваквата понуда, не се наведува дали „светците“ навеле сума за која би го продале Мбапе, но се чини дека францускиот гигант ќе инсистира на отштета од најмалку 180 милиони евра, колку што плати за неговиот ангажман од Монако во 2018 година.

Се вчитува...