Лудиот претседател на Сампдорија: Фудбалот е како со жените…треба да „пикнеш“ на одредено место

Сампдорија и Џенова одиграа без голови во градското дерби во Серија А, а шоуто го присвои ’лудиот’ претседател на Сампдорија, Масимо Фереро. На негов начин објасни зошто мечот завршил без ниту еден погодок.

„Загубивме два бода, не можеме да бидеме задоволни, а и многу не тепаа. Не е вината кај тренерот Џампаоло, тој е одличен лик, по 12 часа е на стадионот. Едноставно е во фудбалот, тоа е како со жените. Мораш да ја „пикнеш“ топката на одредено место – за да дадеш гол. Ние не успеавме во тоа“, изјави Масимо Фереро, а неговата изјава стана хит во Италија.

Се вчитува...