Лудиот шут со кој Јокиќ ги исфрли Лејкерс од плеј-офот (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и неговиот Денвер нагетс се пласираа во првото историско финале во НБА лигата, откако со „метла“ (4-0) го исфрлија Лос Анџелес лејкерс во финалето на Западната конференција.

Никола Јокиќ повторно беше најдобар поединец во својот тим, завршувајќи го натпреварот со нов трипл-дабл учинок (30п. 14с. и 13а.), а со неверојатната тројка ги урна сите надежи на „езерџиите“, дека можат да стигнат барем до една победа.

 

Се вчитува...