Лудите ритуали на Левандовски: Секогаш прво ја облекува левата копачка…

Роберт Левандовски ќе биде главен адут на Баерн Минхен во вечерашното финале против ПСЖ, во обид баварскиот гигант да стигне до шестата европска круна. Полјакот има зад себе фантастична сезона, досега има 15 погодоци и пет асистенции на деветте средби во ЛШ и сериозно атакува да го урне рекордот на Кристијано Роналдо од 17 гола во една сезона од елитното европско натпреварување.

Во пресрет на големото финале обелоденети се и неколку ритуали што Левандовски ги прави во последните години. Тој секогаш прво ја облекува левата копачка, а воедно и спие на левата страна. Ритуалот за спиењето не е случаен, голгетерот тоа го прави на сугестија на германски стручњак, за да може повеќе да ја одмора десната нога, која му е најсилна страгаво играта.

„Левандовски е човек што 24 часа на ден размислува за здрав живот, редовно спиење и тренинзи, тој е неверојатен“, изјави Пеп Гвардиола додека го водеше Баерн Минхен.

Главна „виновничка“ за таквиот живот на Полјакот е неговата сопруга Ана, поранешна шампионка во карате, сега стручна нутриционистка.

„Поради сопругата Роберт јаде десерт пред да дојде главното јадење. Слатката храна организмот ја обработува побрзо, па со овој метод таа не се меша со мастите и јаглехидратите во организмот. Тоа е нејзиниот совет што Левандовски го следи“, открива близок пријател на голгетерот.

Тој пред само два дена наполни 32 години, но игра во животна форма, па дефинитивно следењето на советите му помага да го крене нивото на игра и во четвртата деценија од животот.

Се вчитува...