Лудите забави на Флојд Мејведер – „Многу жени и шампионски појаси“ (ФОТО)

Флојд Мејведер е познат како човек кој „фрла“ голема количина на пари на жени и луди забави со нив. Познатиот боксер не штеди пари кога е во прашање забава, а на една забава организирана од негова страна присуствувал и поранешниот англиски репрезентативец Кирон Дајер. Тој во 2012 година во Лас Вегас бил повикан на забава на која имало 200 луѓе. Влезот му го средил ди-џеј кој работел за познатиот рапер „50 сент“, кој во тоа време бил голем пријател на Мејведер.

„50 сент и Флојд беа најдобри пријатели. По борбата ме повика и ме праша што ќе правам. Му реков дека веројатно ќе заминам во некој клуб. Ме повика кај Флојд, се појавив и таму беа негде околу 200 луѓе. На масата беа ставени сите негови појаси, а од него немаше трага. Жени имаше на секој чекор и се изгледаше нереално“, изјави Дајер. 

Се вчитува...