Лудница на „Сан Сиро“: Милан чекаше осум години за гол дома во ЛШ (видео)

Навивачите на Милан имаат причина за задоволство по фуриозниот старт на нивниот тим и заслуженото водство на почетокот на дуелот со Атлетико Мадрид. „Росонерите“ тргнаа офанзивно од самиот почеток и заслужено поведоа преку Леао, кој со прецизен удар од петнаесетина метри го совлада Јан Облак.

Ова беше прв домашен меч нa Милан во Лигата на Шампионите по пауза од огромни 2778 дена и тифозите на италијанскиот гигант веднаш имаа можност да се израдуваат и на гол на своите миленици. Ова е прв домашен гол на Милан во Лигата на Шампионите по нецели осум години, по погодокот што Робињо го постигна во октомври 2013 година против Барселона.

Интересно, последниот домашен меч Милан исто така го играше против Атлетико Мадрид, кога пред седум години беше елиминиран од избраниците на Диего Симеоне од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...