„Лудница“ во Индијана – Милвоки падна без Јанис…, Дурант и Феникс пред шокантна елиминација (ВИДЕО)

Во исклучително неизвесен меч, Индијана триумфираше по продолжение против Милвоки со 121-118 и поведе со 2-1 во серијата.

Одличен во победничкиот тим беше Мајлс Тарнер со 29 поени и девет скока, но на крајот триумфот го донесе Тајрис Халибартон со „трипл-дабл“ од 18 поени, 10 скока и дури 16 асистенции, и клучни поени во самата завршница.

Милвоки, кој беше без Јанис Адетукомбо, го предводеа Крис Мидлтон со 42 поени и 10 скока, а Демијан Лилард дополни со 28 поени.

Минесота, пак, поведе со 3-0 во серијата против Феникс откако славеше на првото гостување во Аризона со 126-109.

Со тоа Кевин Дурант, слично како и Леброн Џејмс, се најде на еден пораз од елиминација уште во првата рунда од плејофот. Иако долго време го држеше првото место на табелата во Западната конференција, а лабаво се впуштија во пресметката со Минесота очекувајќи лесно да ја минат оваа пречка, сега е јасно дека Феникс шокантно навлезе во „тунел без излез“.

Ентони Едвардс беше убедливо најдобар играч во гостинскиот тим со 36 поени, 9 скока и 5 асистенции, а Гобер и Таунс остварија дабл-дабл. Бредли Бил заврши кај Феникс заврши со 28 поени, Дурант додаде 25 поени, а Букер 23 поени, но сето тоа недоволно да се загрози победата на гостинскиот тим.

Се вчитува...