Лудница во Лос Анѓелес: Стигна Златан… (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ пристигна во Лос Анѓелес. Легендарниот шведски напаѓач по неполни две сезони неодамна го раскина договорот со Манчестер јунајтед и одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС лига, во дресот на Лос Анѓелес Галакси.

Голем број навивачи на овој тим го пречека Златан во Лос Анѓелес. Видливо воодушевување меѓу нив кои едвај чекаа да добијат автограм од прославениот фудбалер. Ибрахимовиќ исто така не го криеше задоволството од доаѓањето во САД.

Ибра дебито за новиот клуб се очекува да го има веќе викендов против градскиот ривал и тоа без ниту еден посериозен тренинг со новиот тим.

Во својата богата кариера 36-годишниот шведски репрезентативец играше и за ПСЖ, Интер, Милан, Јувентус, Барселона и Ајакс, како и шведски Малме каде ја почна кариерата.

Се вчитува...