Аријан Адеми е неизвесен за настап за претстојните квалификациски натпревари против Израел и Летонија по повредата што капитенот на Динамо Загреб ја заработи за време на денешното дерби против Хајдук одиграно во Сплит.
Атмосферата и на теренот и на трибините беше вжештена, а Адеми го извлече подебелиот крај откако настрада при еден старт на фудбалер на Хајдук. По укажаната лекарска помош тој мораше да биде заменет, а видно исфрустриран Адеми нешто подоцна заработи и црвен картон, поради приговор кон судијата додека седеше на клупата за резерви.
Големото дерби на хрватскиот фудбал заврши со победа на Хајдук од 1-0, по која сплитскиот клуб по пауза од цели 1399 дена се пред Динамо на табелата во првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА