Лудо прво полувреме се случи на мечот меѓу Копенхаген и Манчестер јунајтед каде по првото полувреме е 2-2. И двата погодоци за гостите ги постигна данскиот репрезентативец и поранешен член на Копенхаген, Расмус Хојлунд. Сепак за да не биде се перфектно за „црвените-ѓаволи“ се погрижи Маркус Рашфорд кој во 43. минута по еден неспретен старт доби директен црвен картон. Сето тоа го искористија домаќините кои успеаја да намалат на 1-2 преку Елуниси во 45. минута, додека на 2-2 израмни Гонсалвес во 49. минута.
Натпреварот беше во прекин откако навивач влета во терен со палестинско знаме. За време на 17. минута од мечот на легендарниот „Паркен“, човек од трибините влезе на терен со знаме на Палестина. На него стоеше „престанете да убивате деца во Газа“. Тој го претрча целиот терен со знамето во рацете.
Marcus Rashford red card against Copenhagen 42′
byu/PSGCampus insoccer
Водство од 1-0 на полувреме има и Арсенал, додека Баерн Минхен игра без голови 0-0 против Галатасарај, а почетните 0-0 се и на мечот меѓу Салцбург и Интер.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ ПОЛУВРЕМЕ:
АРСЕНАЛ – СЕВИЛЈА 1-0
РЕАЛ М. – БРАГА 1-0
КОПЕНХАГЕН – МАНЧЕСТЕР Ј. 2-2
САЛЦБУРГ – ИНТЕР 0-0
БАЕРН М. – ГАЛАТАСАРАЈ 0-0
ПСВ – ЛЕНС 1-0
НАПОЛИ – У. БЕРЛИН 1-1 (КОНЕЧЕН)
РЕАЛ СОСИЕДАД – БЕНФИКА 3-1 (КОНЕЧЕН)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА