Лудо последно коло во Хрватска – И Велковски со Ријека и Атанасов со Хајдук ќе играат Европа следната сезона

Иако Динамо Загреб веќе поодамна е шампиона, последното коло во Првата хрватска лига донесе големи возбудувања кога е во прашање борбата за местата кои водат во Европа. Откако претходно Осјек веќе го имаше обезбедено своето место во новата Конференциска лига, Ријека и Хајдук на крајно возбудлив начин успеаја да се пласираат во Европа.

Ријека на нашиот Дарко Велковски во директен дуел успеа да ја совлада Горица со 2-1 и на нејзина сметка да се пласира во Конференциската лига. Поразот на Горица го искористи и Хајдук на Јани Атанасов кој со триумф од 2-0 над Локомотива обезбеди пласман во новото натпреварување под капа на УЕФА.

 

 

Се вчитува...