Лудо славје на Андонова и соиграчите: Будимпешта, Барселона доаѓа (ВИДЕО)

Женскиот фудбалски тим на Барселона за првпат во историјата ќе игра во финалето на Лигата на шампионките. Тимот на Наташа Андонова во полуфиналниот дуел беше подобар од Баерн Минхен и двапатои славеше со по 1-0. По историскиот пласман, имаше лудо славје на „Мини Естадио“ во Барселона. Мечот го следеше и Ернесто Валверде, тренерот на машкиот состав на Барселона.

Финалниот меч е закажан за 18 мај во Будимпешта, а Барселона го очекува победникот од второто полуфинале меѓу Лион и Челси.

 

Се вчитува...