Лудо стартуваше вечерта во ЛШ: Хојлунд ги матираше своите, Брага промаши пенал на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед стигна до рано водство на гостувањето кај Копенхаген од 0-1 во натпревар од 4. коло во групата А од новата сезона од Лигата на шампионите. Голот за „црвените-ѓаволи“ го постигна Данецот, Расмус Хојлунд кој потекнува од овој тим, а во клубот се и неговите двајца браќа.

Copenhagen 0 – [1] Manchester United – Rasmus Hojlund 3′
byu/PSGCampus insoccer

Интересно е и на стартот на мечот на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Брага. Гостите имаа голема шанса да стигнат до сензационална предност, но Џало не успеа да реализира пенал. Одлично интервенираше украинскиот чувар на мрежата Лунин, кој во последен момент застана меѓу стативите за „кралевите“ откако во текот на загревањето се повреди Кепа.

kepa penalty save against SC Braga 5”
by insoccer

Се вчитува...