Лудост без граници: Арапите сакаат тим со Мициќ, Ларкин, Џејмс, Миротиќ…

Новата сезона во Евролигата започна и со вест за влез на Обидинетите Арапски Емирати во првенството со богато спонзорство преку авиокомпанијата „Емирати“, но и нов клуб во елитното натпреварување, дополнително поместувајќи ги европските граници до Дубаи.

Целта на богатите газди е зголемување на интересот во спортот и за тоа се подготвени да издвојат висока сума на пари и да ги ангажираат најдобрите кошаркари од Европа, а последните информации кои доаѓаат од „Мундо Депортиво“ велат дека меѓу „таргетот“ на газдите се Василије Мициќ, Шејн Ларкин, Мајк Џејмс, Костас Слукас и Никола Миротиќ.

Самиот влез на богат арапски клуб ќе значи и сериозно поместување на границите со оглед на тоа што во моментот ниеден клуб не може да ги спореди финансиите со арапското богатство, a притоа не постои утвден „финансиски фер-плеј“, но се поставува и прашањето дали истиот ќе биде успешен.

Европската кошарка засега одолева на пресликување на НБА моделот за атрактивност и темелот се уште е на одбраната, но со оглед на финансиските загуби кои ги имаат тимовите прашање е кога фокусот ќе се промени.

Се вчитува...