Луис Енрике доби плажа со неговото име

Трофејниот шпански фудбалски стручњак Луис Енрике од денеска има уште едно уникатно признание во својата богата кариера, откако една плажа во неговиот роден град Хихон беше официјално именувана по него.

Актуелниот тренер на Пари Сен Жермен лично ја отвори новата „Плаја Верде“ (Зелена плажа), која отсега ќе го носи неговото име. На свечената церемонија на северот на Шпанија присуствуваа високи претставници од Градскиот совет на Хихон, челници на неговиот матичен клуб Спортинг Хихон, како и бројни истакнати личности од јавниот живот.

Енрике, кој никогаш не ги криел своите астуриски корени, одржа исклучително емотивен говор во кој истакна дека ова признание го исполнува со неизмерен гордост. Стратегот не успеа да ги задржи солзите во очите кога почна да зборува за своето семејство, заблагодарувајќи им се за сите жртви што ги направиле во текот на неговиот професионален пат.

 

Се вчитува...