Шпанскиот селектор Луис Енрике приреди неколку изненадувања при составот што го објави за своите први две средби на чело на „црвената фурија“, дуелите од Лигата на Нации против Англија и Хрватска.
Енрике во својот список не го вклучи левиот бек Жорди Алба, кој играше променливо под негово водство во Барселона, па сега е избришан од националниот тим. Затоа пак повикан е Маркос Алонсо од Челси, кој се очекува да биде стартер на првите две средби во „ерата на Луис Енрике“.
Покрај Алба во составот не се најде ниту капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, како и Лукас Васкез и Јаго Аспас. Во однос на играчите кои настапуваа за Шпанија на последните натпревари, нови лица се Раул Албиол, Диего Љоренте, Гаја, Иниго Мартинез, Родри, како и Сусо, крилниот офанзивец кој ја одигра во одлична форма ланската сезона во дресот на Милан.
СОСТАВ
ГОЛМАНИ: Де Хеа (Манчестер јунајтед), Кепа (Челси), Пау Лопез (Бетис).
ОДБРАНА: Карвахал (Реал Мадрид), Азпиликуета (Челси), Албиол (Наполи), Диего Љоренте (Реал Сосиедад), Начо (Реал М.), Серхио Рамос (Реал М.), Иниго Мартинез (Атлетик Б.), Маркос Алонсо (Челси), Гаја (Валенсија).
СРЕДЕН РЕД: Бускетс (Барселона), Серхи Роберто (Барселона), Родриго (Атлетико Мадрид), Саул Нигез (Атлетико М.), Себалјос (Реал Мадрид), Тијаго Алкантара (Баерн), Иско (Реал М.).
НАПАД: Асенсио (Реал Мадрид), Мората (Челси), Сусо (Милан), Диего Коста (Атлетико М.), Родриго (Валенсија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА