Додека Пари Сен Жермен се подготвува за уште едно лето во кое ќе се обиде дополнително да го зајакне својот проект базиран на млади играчи, од Шпанија доаѓаат информации кои јасно ја покажуваат насоката во која размислуваат во Париз.
Според шпанските медиуми, новата мета на францускиот гигант стана еден од најталентираните дефанзивци на Реал Мадрид, младиот Жоан Мартинез.
Според угледниот „Марка“, Парижаните внимателно го следат развојот на 18-годишниот дефанзивец кој доаѓа од познатата академија на „кралевите“.
Клучна улога во овој процес игра спортскиот советник на клубот, Луис Кампос, познат по својата способност да препознава и да привлекува врвни млади таленти пред тие да експлодираат на големата сцена.
Мартинез сè уште не го има дебитирано за првиот тим на Реал, но тоа воопшто не го намалува интересот за него.
Исто така, тој е дел од генерацијата што ја освои младинската Лига на шампиони, што го рангира меѓу најперспективните играчи на неговата позиција во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
